• среда, 13 ноември 2024

Министерот Демири се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

Министерот Демири се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска се сретна со претставници на хуманитарната организација „Ел Хилал“, предводени од претседателот на оваа организација Бехиџудин Шехапи.

Како што информираат од Министерството за здравство, на средбата, се разговараше за можната соработка во јавното здравство со цел подобрување на здравјето на граѓаните и условите во кои работат здравствените работници.

Претседателот на „Ел Хилал“ Шехапи му посака успешен мандат на министерот Демири и му подари книга од хуманитарната организација за 30-години поддршка на економско загрозените граѓани. сст/дма/

фото Министерство за здравство

Остани поврзан