• недела, 28 јули 2024

Министерот Бектеши во дводневна посета на Украина

Министерот Бектеши во дводневна посета на Украина
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска е во официјална посета на Украина, каде што утре во Киев ќе копретседава со третата седница на Меѓувладината македонско-украинска комисија за следење на Договорот за трговска и економска соработка. Министерството за економија информира дека Бектеши во рамки на посетата ќе има  билатерални средби со првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко, и со заменик-министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка, кој од украинска страна е копретседавач на Меѓувладината македонско-украинска комисија. За време на престојот,  Бектеши ќе го посети и претставништвото на „Алкалоид“ во Киев. хс/сп/

Остани поврзан