• недела, 24 ноември 2024

Министерот Андоновски на средба со Армен Григоријан, постојаниот претставник на УНДП во земјава 

Министерот Андоновски на средба со Армен Григоријан, постојаниот претставник на УНДП во земјава 

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска остварил средба со постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григоријан.

На средбата, како што соопштија од Министерството за дигитална трансформација, било разговарано за поддршката на УНДП кон нашата држава што се одвива во континуитет, преку проекти и експертиза, како и за борбата против корупцијата со помош на дигитализација, и градење на демократско општество.

- Конструктивната средба резултираше со заедничка согласност за конкретни активности и соработка со Министерството за дигитална трансформација во корист на граѓаните. Соговорниците си посакаа успешна работа и беа децидни дека треба да се направи многу за подигнување на квалитетот на услугите за граѓаните, се наведува во соопштението. цр/ев/

Фото: Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација

 

Остани поврзан