• среда, 18 декември 2024

Министерот Алиу на „Текнофест“, најголем фестивал за авијација во Турција

Министерот Алиу на „Текнофест“, најголем фестивал за авијација во Турција

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу е во официјална посета во Турција, каде учествува на најголемиот фестивал на воздухопловство и технологија во Турција „Текнофест“.

Фестивалот оваа година се одржува на аеродромот Етимесгут во Анкара, а целта на организирањето е да се разбуди интерес и да се зголеми свеста за прашањата на аеронаутиката, вселената и технологијата.

- Нашето учество овде денес означува важен чекор кон поттикнувањето на соработката со иновативниот екосистем во Република Турција, но и пошироко, имајќи предвид дека денес овде имаме познати меѓународни компании од светот на технологијата и иновациите, изјавил министерот Алиу, соопштија денеска од Министерството за информатичко општество и администрација.

Како што се наведува во соопштението, Алиу е првиот министер кој презел важен чекор во работите за создавање на Агенцијата за дигитална трансформација во Северна Македонија.

- Оваа Агенција ќе служи како главна и одговорна институција за спроведување и координација на дигиталната трансформација во земјата. Овој уникатен модел, дизајниран за спроведување на дигиталната инфраструктура во земјата, се признава како уникатен пристап, кој предизвика интерес кај високо развиените земји во Европа и пошироко, појаснуваат во соопштението од Министерството.

По многу билатерални средби, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Алиу бил поканет во претставување на концептот за дигитализација на државата во повеќе земји во Европа и пошироко. цр/хс/

Фото: Министерството за информатичко општество и администрација

Остани поврзан