• среда, 18 декември 2024

Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет

Јаневска на средба со раководството на СОНК: Повисоки плати и подобри услови за работа се приоритет

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ќе продолжат да се заложуваат за унапредување на правата и подигнување на општествениот и материјалниот статус на наставниците, стручните соработници и другите вработени во училиштата, потврдија денеска на работна средба министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

-Вработените во образованието, а особено просветните работници се клучна алка во процесот на создавање генерации од кои многу очекуваме. Затоа, тие треба да бидат мотивирани, а мотивацијата најмногу зависи од грижата на државата кон нив. Зголемувањето на платите и подобрувањето на условите за работа во училиштата се програмски определби на новата Влада и уверувам дека целосно ќе ги реализираме, рече министерката Јаневска.

Претседателот на СОНК, Неделков рече дека министерката доаѓа од наставничката фела и дека таа добро знае што им недостасува на наставниците и каква е состојбата во образовните установи. Очекувајќи поголеми промени од тој аспект во следниот период Неделков изрази надеж за успешна соработка со новата Влада.вј/са/

Фото: МОН

 

Остани поврзан