• петок, 20 декември 2024

Министерката Шахпаска ќе го означи почетокот на работа на Нега Центар Карпош

Министерката Шахпаска ќе го означи почетокот на работа на Нега Центар Карпош
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе го означи почетокот на работата на Нега Центар Карпош, на мостот „Влајко“ во населбата Влае во општината Карпош во Скопје. Развојот на оваа социјална услуга, како што информираат од МТСП, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка, а услугата има за цел да го подобри и одржи здравјето на старите лица во нивното семејно опкружување и тоа преку помош во извршување на активности од секојдневниот живот. На отворањето на Нега Центар Карпош, како што е најавено, ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на град Скопје. аа/дма/

Остани поврзан