• петок, 20 декември 2024

Министерката Шахпаска во работна посета на Албанија

Министерката Шахпаска во работна посета на Албанија
Скопје, 7 октомври 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска од денеска престојува во дводневна работна посета на Албанија, во чии рамки ќе има билатерална средба со албанската министерка за здравство и социјални прашања Огрета Манастирлиу. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Шахпаска за време на престојот во Тирана ќе учествува и на седмиот по ред Тирански форум за поврзување. Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за земјите од Западнот Балкан. Министерката Шахпаска ќе учествува на панел дискусијата насловена „Што има за младите во Економско инвестицискиот план за Западен Балкан“, каде ќе ги презентира искуствата на земјава во дизајнирањето и имплементирањето на политики насочени кон подобра интеграција на младите на пазарот на труд, а особено ќе се осврне на нашите искуства како прва држава од регионот која ја воспостави и ја спроведува „Младинската гаранција“, по примерот и моделот развиен и применет во земјите од Европската унија. Во панел дискусијата, покрај министерката Шахпаска, меѓу останатите ќе учествува и поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешни прашања и потпретседателка на Европската комисија, Федерика Могерини,. Овогодишниот Форум во Тирана е дел од официјалниот календар на настани во рамки на словенечкото претседателство со Европската Унија. сп/

Остани поврзан