• вторник, 12 ноември 2024

Министерката Тренчевска ќе ја посети градинката „Пеперутка 3“ во Драчево

Министерката Тренчевска ќе ја посети градинката „Пеперутка 3“ во Драчево
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ќе ја посети градинката „Пеперутка 3“ во населбата Драчево, во општината Кисела Вода. Изградбата на новата градинка, како што информираат од МТСП, е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка. Целта на овој проект е зголемување на капацитетите за прием на деца во системот на предучилишноo воспитување и згрижување, со што најмладите и нивните родители добиваат нови можности и поголем избор во секојдневниот живот. За значењето на новата современа градинка за жителите на оваа општина, која е градена согласно највисоките стандарди ќе зборуваат  министерката Јованка Тренчевска, градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и  директорка на ЈОУДГ „8 Март“, Павлина Топузовска. дма/цр

Остани поврзан