• четврток, 26 декември 2024

Министерката Стефоска и директорите на театрите разговараа за работата во услови на ковид 

Министерката Стефоска и директорите на театрите разговараа за работата во услови на ковид 
Скопје, 10 март 2021 (МИА) Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со директорите на театарските институции, со кои дискутарала за предизвиците со кои се соочуваат овие национални установи, како и за динамиката во реализацијата на програмата одобрена од Министерството, во текот на 2021 година. На средбата се разговарало и за аспектите во реализацијата на тековниот репертоар, но и за плановите за реализација на нови претстави во услови на светска пандемија.   Како што соопштија од Министерството за култура, споделени беа реалните проблеми со кои се соочуваат театарите за одржување на програмата, согласно со пропишаните здравствени протоколи коишто се однесуваат на вработените и на публиката. Оттаму информираат дека во Програмата за финасирање на проекти од национален интерес во културата од областа на драмска дејност за 2021 година, за националните установи поддржани се 78 проекти со вкупен износ од 54.646.140 денари.   Во текот на оваа година, се посочува во соопштението, ќе се реализираат повеќе инвестициски зафати во театарските установи, со кои ќе се подобрат условите за нивно функционирање. -Извоени се средства за набавка на светлосна опрема и за реновирање на сценскиот под и други зафати во Драмскиот театар, ќе се набавува опрема и за потребите на Гостиварскиот театар, во МНТ ќе се реализира проектот за санација на проодната тераса и други тековни зафати, во Театарот за деца и младинци предвидено е реновирање на театарската сала, потоа реновирање на објектот на НУ Албански театар за деца и млади – Скопје, информираат од Министерството за култура. На средбата биле разгледани и прашањата поврзани со промоцијата на новиот објект на Албанскиот театар, кој, во согласност со здравствените услови предизвикани од пандемијата, ќе биде отворен во наредиот период. Посочено е дека продолжуваат изградбите на објектите на Турскиот театар, театарот и библиотека во Тетово, како и театарот во Струмица.бт/лв/

 

Остани поврзан