• петок, 27 декември 2024

Министерката Петровска на инаугурацијата на воздухопловната база на НАТО во Кучово

Министерката Петровска на инаугурацијата на воздухопловната база на НАТО во Кучово

Тирана, 4 март 2024 (МИА) – Македонската министерка за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска, на покана на нејзиниот албански колега Нико Пелеши, денеска присуствуваше на отворањето на модернизираната воздухопловна база Кучово која е трансформирана во НАТО тактичка воздухопловна база и е прва ваква база во Западен Балкан.

Оваа НАТО база ќе се користи како поддршка за разни видови на воздухопловни операции на НАТО, вклучувајќи ги и активностите за воздухопловно патролирање на НАТО од страна на грчките и италијанските воздухопловни сили.

Петровска, како што соопшти Министерството за одбрана, му честиташе на албанскиот колега Пелеши за отворањето на овој значаен капацитет за воздухопловна поддршка, истакнувајќи дека сите активности кои ги преземаат земјите од регионот за зајакнување на воените капацитети, вклучувајќи ја и модернизацијата и опремување на вооружените сили, влијаат на зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО и безбедноста на земјите од регионот и нивните граѓани.

Петровска му честиташе на Пелеши за отворањето на овој значаен капацитет за воздухопловна поддршка, истакнувајќи дека сите активности кои ги преземаат земјите од регионот за зајакнување на воените капацитети, вклучувајќи ја и модернизацијата и опремување на вооружените сили, влијаат на зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО и безбедноста на земјите од регионот и нивните граѓани.

На свеченоста, од регионот, присуствуваа и министрите за одбрана на Косово и на Црна Гора.

Обраќајќи се на свеченоста министерот Пелеши, упати посебна благодарсност до своите колеги од соседните земји, за одличната соработка и присуството на овој значаен настан на инаугурацијата на базата, која, како што рече е „богатство за целиот регион“. вт/дма/

Фото:Министерство за опдбрана

 


 

 

 

Остани поврзан