• сабота, 23 ноември 2024

Министерката Костадиновска-Стојчевска член на државно-црковна делегација во Рим

Министерката Костадиновска-Стојчевска член на државно-црковна делегација во Рим
Скопје, 22 мај 2022 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 23 и 24 мај, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, престојува во Италијанската Република и Светиот Престол по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј. -Костадиновска-Стојчевска, во рамки на културната програма за чествување на манифестацијата „Денот на Свети Кирил“, утре  во салата „Балдини“ во Рим ќе присуствува и ќе има обраќање пред концертот на  реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од: Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев... Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, соопшти Министерството за култура. Во рамки на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ на 24 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ). Костадиновска-Стојчевска како дел од државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Франциск, а ќе положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. Државно-црковната делегација ќе ја посети базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, со кој ќе чиноначалствуваат митрополитите г. Пимен и г.Јосиф.бт/лв/  

Остани поврзан