• вторник, 30 јули 2024

Министерката Костадиновска-Стојчевска во посета на Кривогаштани

Министерката Костадиновска-Стојчевска во посета на Кривогаштани

Скопје, 24 јули 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе ја посети Општина Кривогаштани, каде ќе оствари средба со градоначалникот Николче Мискоски.

-За време на посетата Костадиновска-Стојчевска ќе се запознае со инвестицискиот проект за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации, најави Министерството за култура.

Реализацијата на проектот е поддржана со средства од  капиталните дотации од Mинистерството за култура наменети за единиците на локалната самоуправа.лв/мд/

фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан