• сабота, 23 ноември 2024

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини се сретна со битолскиот градоначалник Коњановски

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини се сретна со битолскиот градоначалник Коњановски

Скопје, 28 октомври 2024

Драго ми е што со денес реализирав продуктивна средба со Градоначалникот на Битола, каде што разговаравме за досега имплементираните проекти и решенија, за можностите за подобрување на енергетската ефикасност и одржливите практики низ општината и веќе изготвените 5 проекти со кои Општина Битола има за цел да го започне процесот на транзиција кон зелена енергија.

Го поздравувам проактивниот пристап на Градоначалникот за интегрирање на мерките за обновлива енергија и енергетска ефикасност во развојните програми на Битола, посебно за проектот за гасификација. Оваа посветеност се усогласува со нашите национални приоритети и нѐ носи чекор поблиску до почиста, поодржлива енергетска иднина за сите граѓани.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан