• недела, 29 декември 2024

Минимално било присуството на жените политичарки на онлајн медиумите за време на парламентарните избори, покажува мониторингот на ИФЕС

Минимално било присуството на жените политичарки на онлајн медиумите за време на парламентарните избори, покажува мониторингот на ИФЕС

Штип, 27 ноември 2024 (МИА) – Минимално било присуството на жените политичарки за време на парламентарните избори во новинарските текстови на веб порталите, покажа истражувањето кое се спроведе од страна на Меѓународната фондација за изборни системи( ИФЕС). Ова денеска беше преезнтирано пред жените политичарки и претставници на невладините организации во Штип на тракалезната маса „Промовирање на инклузивно покривање на жените за време на изборите на онлајн медиумите“.

Билјана Бејкова од НВО „Инфо центарот“ вели дека во мониторингот биле опфатени 32 интернет портали.

-Она што можеме да го кажеме од над 13.000 медиумски прилози, коишто беа селектирани, анализирани некои 10 отсто беа кодирани и од тоа 10 отсто се однесуваа 2,4 отсто на жените кандидатки, на родовите теми. Значи тоа е едно минимално присуство на жените, политичарките, на темите поврзани со родовата еднаквост. Исто така  констатиравме дека и во платеното политичко рекламирање коешто поголемите политички партии ги објавуваа на интернет порталите, анализирани е многу помало. Дури и жените кои се носителки на кандидатските листи беа во многу помал обем застапени за разлика од политичките, односно партиските лидери и од нивните машки колеги, вели Бејкова.

Таа посочува дека забележале и оти за време на парламентарни избори во медиумите немало аналитичко новинарство, кога станува збор за жените во политиката.

- Ние денеска сакаме да  промовираме определени политики, практики  и на подолг рок, но и на пократок рок. Значи законски измени, но и некои други чекори, како саморегулација се потребни, за да навистина имаме поголемо учество на жените и во политичкиот живот, во изборите, во извршната власт и на локално ниво, вели Бејкова.

Таа истакна дека родовата квота ја има и за Собранието и за локалните совети. Но, кога станува збор за кандидатурите за градоначалници или министри нема родова квота. Бејкова посочува дека и на кандидатските листи за пратенички и советнички места жените не се на добитните позиции, а многу помалку се и носителки на тие листи.

-Потребни се потемелни реформи, можеби и треба да се размислува квотата, иако можеби не е идеално решение, но во моментов е единствено коешто дава некакви резултати, можеби треба да се издејствува квотата да биде и 50 отсто и потоа да биде во целиот ланец на избори, на кандидатски листи. Исто така и во делот на платеното политичко рекламирање, присуството во кампањите, вели Бејкова. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан