• сабота, 23 ноември 2024

Минералната вода кај тетовско Бањиче не е исправна за пиење

Минералната вода кај тетовско Бањиче не е исправна за пиење

Тетово, 13 јуни 2024 (МИА) - Минералната вода кај тетовската излетничка месност Бањиче не е исправна за пиење и надлежните препорачуваат да не се користи се до следното известување. Вчера биле испитани двете чешми, едната кај свиокот пред пристигнување во Бањиче и втората подолу кај џамијата.

-Природната минерална вода кај кривината во месноста Бањиче не се препорачува за пиење, бидејќи содржи нечистотија поточно колиформни бактерии и високо ниво на калциум. Водата од чешмата кај џамијата не е за човечка употреба, затоа што има и физичко-хемиски и микробиолошко загадување. Природната минерална вода содржи колиформни бактерии, Ешерихија коли и Ентерококи. Водата не е за човечка употреба, што значи не треба луѓето ни да се мијат, информираше Д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово.

Се препорачува граѓаните да не ја користат за пиење се до следното соопштение. Станува збор за минерална вода за која има импровизирана чешма што се наоѓа на околу два киломерти од Тетово во излетничката област Бањиче.ас/бт/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан