• четврток, 26 декември 2024

Минатиот месец е најтоплиот ноември регистриран досега

Минатиот месец е најтоплиот ноември регистриран досега
Лондон, 7 декември 2020 (МИА) - Годинешниот ноември беше најтоплиот регистриран месец досега, соопшти денеска европската служба за климатски промени „Коперникус“. Како што се наведува, температурите минатиот месец биле над просекот во голем дел на северна Европа, Сибир и Северниот Леден Океан, каде морскиот мраз бил речиси до најниското ниво што досега е забележано во ноември. САД, Јужна Америка, Јужна Африка, Тибет, источен Антарктик и поголем дел од Австралија, исто така, се забележани температури значително над просекот. На глобално ниво, ноември бил речиси 0,8 степени Целзиусови потопол од просекот за периодот 1981-2010 година. гт/

Остани поврзан