• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Минатата недела санкционирани 262 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Минатата недела санкционирани 262 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 262 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 11 до 17 декември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар. дма/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар

Остани поврзан