• четврток, 26 декември 2024

Минатата недела санкционирани 109 непрописно паркирани возила во Центар

Минатата недела санкционирани 109 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12-ти до 19 август со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 109 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/са/

фото ПОЦ

Остани поврзан