• четврток, 26 декември 2024

Минатата недела за 22,7 проценти намален бројот на новозаболени од КОВИД-19

Минатата недела за 22,7 проценти намален бројот на новозаболени од КОВИД-19
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Во период од 15 до 21 август регистрирани се вкупно 2.686 нови позитивни случаи на КОВИД-19 од 34 градови во земјава, со намалување од 22,7 проценти во однос на претходната недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Делчево, Кавадарци, Гевгелија, Пехчево, Охрид, Неготино, Берово и Кратово. Согласно податоците од ИЈЗ, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години. Во однос на претходната недела, регистрирано е намалување кај сите возрасни групи со најзабележително намалување од 36,3 отсто во возрасната група 10-19 години. Оздравени се 3.197 лица, или 14,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Пријавени се 20 смртни случаи, најголем број од Охрид - 5. Во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 лица, а моментално во болниците се лекуваат вкупно 125 ковид-пациенти, 37,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица. Од нив 45 се на кислородна поддршка, а еден пациент е на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 21 август вакцинирани се вкупно 875.486 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 856.527 лица. Со една доза на вакцина против КОВИД-19, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 55,2 проценти од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 отсто. Опфатот со две дози на вакцина против КОВИД-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54,0 отсто кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти. Опфатот со трета доза кај населението над 18 годишна возраст изнесува 11,1 проценти, додека кај населението над 12 годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти. ки/са/

Остани поврзан