• среда, 25 декември 2024

Минатата година во Албанија забележани 20 отсто намалување на илеганите миграциски текови

Минатата година во Албанија забележани 20 отсто намалување на илеганите миграциски текови

Тирана, 21 март 2024 (МИА) - Во Албанија, како дел од балканската миграциска рута, во текот на минатата година забележано е намалување на миграциските текови кои главно доаѓаат од Грција, јави Еј-Би-Си њуз.

-Според податоците објавени од ФРОНТЕКС, помалку од 9.000 нерегуларни странски мигранти се пронајдени на албанска територија, каде што најголемиот дел од нив влегле од Грција на граничниот премин Ќаф Бота, кај Саранда. Тоа е намалување за околу 20 отсто споредено со претходната година, наведува телевизијата. 

Според истиот извор Албанија е дел од западнобалканската рута, каде што илегалните мигранти кои влегуваат од јужната и југоисточната албанска граница со Грција транзитираат за да патуваат кон северните области а потоа кон Црна Гора или Косово со крајната дестинација земјите од Европската Унија.

-Миграциските текови во Албанија се тесно поврзани во текот на 2023 година со ситуацијата во грчките мигрантски кампови, со темпото на влез на нерегуларни мигранти во Грција, главно од турската граница, но и со активноста на регионалните или националните мрежи за шверц на мигранти, посочува телевизијата.

Фронтекс ја започна заедничката операција во Албанија, прва операција на агенцијата во Западен Балкан, во мај 2019 година. Во моментов има 162 европски граничари кои работат заедно со албанската гранична полиција. вт/ссм/

Остани поврзан