• сабота, 21 декември 2024

Милутинов МВП на колото во Евролигата

Милутинов МВП на колото во Евролигата

 Минхен, 20 јануари 2024 (МИА) – Кошаркарот на Олимпијакос, Никола Милутинов, е прогласен денеска за најкорисен играч (МВП) на 22. коло во Евролигата.

Олимпијакос го победи Макаби од Тел Авив со 89-72, а српскиот центар беше еден од најзаслужните за триумфот, придонесувајќи со 20 поени и исто толку скокови. Додаде и по една асистенција, блокада и одземена топка, како и шест изнудени прекршоци, што му донесе индекс на корисност 40.

За Милутинов ова е шесто признание МВП во кариерата, а второ оваа сезона.

Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, имаше втор највисок индекс на корисност (30), но не можеше да го спречи поразот на францускиот тим од Валенсија (84-72). ег/
ФОТО: икс

Остани поврзан