• петок, 20 декември 2024

Милс: Русија да ја натера Сирија да признае за употребата на хемиско оружје

Милс: Русија да ја натера Сирија да признае за употребата на хемиско оружје
Вашингтон, 5 јануари 2021 (МИА) - Русија и другите земји, заштитници на режимот на Башар ал Асад, треба да го натераат Дамаск да признае дека користел хемиско оружје, забрането според сите меѓунардни договори за неконвенционално вооружување, изјави денеска Ричард Милс, помошник амбасадор на САД при ОН. Милс изјавата ја даде на денешното заседание на Советот за безбедност на ОН посветено на сириското хемиско досие. Тој укажа дека за земјите што употребуваат хемиско оружје советот треба да направи тие да почуствуваат последици. -Примената на хемиско оружје не треба да стане нормална појава. Ги повикуваме Русија и останатите заштитници на режимот на Асад да ја натераат Сирија да каже за вистината околу примената на хемиско оружје и за актуелните резреви на хемиско оружје, изјави Милс. Техничкиот секретар на Организацијата за забрана на хемиско оружје и САД повеќепати досега го обвинија Асад за користење хемиско оружје во Сирија. Русија смета дека обвинувањата се непотврдени и без основа. кб/ссм/

Остани поврзан