• среда, 25 декември 2024

Милошоски - Шпиц: Надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за членство во ЕУ

Милошоски - Шпиц: Надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за членство во ЕУ

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Потпретседателот на Собранието  Антонијо Милошоски остварил работна средба со Марк Шпиц, државен секретар за федерални, меѓународни работи и медиумска политика на Северна Рајна Вестфалија, на која било разговарано околу процесот на интеграција на нашата земја  во Европската Унија.

На средбата, како што соопшти денеска собраниската прес-служба, биле разменети мислења и за можности за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.

-Соговорниците разговараа за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што посебно беше нагласено значењето од интегрирање на земјите од овој регион во Европската Унија. дма/лв/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан