• среда, 27 ноември 2024

Милошоски: Тупанчевски да го смени последниот министер на Милошевиќ

Милошоски: Тупанчевски да го смени последниот министер на Милошевиќ
Скопје, 8 февруари 2021 Денес, би сакал да го искажам ставот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по однос на според нас, скандалозниот предлог закон кој што дојде во Собранието, а се однесуваше на именување на членовите за одговорност за клевета и навреда. За прв пат, после едноумието се воведува една формулација каде што би се санкционирало и негативно мислење. Сега гледаме дека власта ретерира и тоа негативно мислење има намера да го преформулира во омаловажувачко или понижувачко мислење но сепак се гледа дека тенденцијата е да се ограничи критиката кон функционерите од власта. Ова воопшто не зачудува бидејќи автор на овој текст е академикот Камбовски кој што во 1987 година го казнуваше професорот Маријановиќ зошто сакал да се укине вербалниот деликт. Нашата порака до министерот Тупанчевски е да го смени последниот министер на Милошевиќ кој што на мала врата го протнува овој вербален деликт. Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан