• среда, 25 декември 2024

Милошоски: Техничка влада со човек како Талат Џафери ќе се движи кон лоши избори

Милошоски: Техничка влада со човек како Талат Џафери ќе се движи кон лоши избори

Скопје, 14 декември 2023

„Партиските тела се уште не одлучувале на оваа тема, веројатно во следните неколку дена би требало да се заседава и да се расправа  за кои се аргументите, кои се за и кои се против“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на централниот дневник на МРТ каде што беше запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада. 

 „Инаку според законот за техничка влада која што би имала мандат само да спроведува избори, опозицијата би требало да номинира министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика, и тројца  заменици во министерството за финансии, во министерството за информатичко општество и администрација, и во министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство“, рече Милошоски.

Тој додаде дека техничка влада со човек како Талат Џафери Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации ако ги оставиш сами.

„Јас ќе го кажам моето лично мислење бидејќи Владата според договорот на ДУИ - СДС ќе ја предводи Талат Џафери во овој технички предизборен период, сметам дека тој е човек, политичар кој што многупати во Собранието го погази собранискиот Деловник. Тој многупати закони што немаа врска со ЕУ ги ставаше со европско знаменце само за да угоди на некои интереси на некои бизнис групи во ДУИ или во СДС. И со таков човек којшто ќе ја предводи Владата доколку ги оставите сами мислам дека Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации“, заклучи тој.

 Тој посочи дека според него опозицијата треба да номинира министри и заменици министри во техничката влада се со цел да падне побрзо владата на СДС и ДУИ.

 „Затоа сметам дека би било поодговорно опозицијата дан номинира министри и заменици министри во техничката влада за изборите, не со цел да ја легитимира владата туку со цел побрзо да падне владата на ДУИ и СДС“, појасни Милошоски.

 

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан