• среда, 18 декември 2024

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието, истакна пратеникот и висок функционер на оваа партија Антонио Милошоски коментирајќи ги изјавите на функционери од власта дека во партијата постојат струи и крила кои би гласале за уставните измени.

-Ние единствено што гледаме е дека постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. Очигледна е на јавната сцена. Имаме речиси секојдневни коментари, реплики, препукувања на едното со другото крило во ДУИ. Меѓусебно се обвинуваат за непотизам, висока корупција, притисоци, закани и слично. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието. Освен јавните изјави кои ги даваме преку медиумите и меѓусебните реплики, во моментов нема ниту формална ниту позадинска комуникација на власта со опозицијата. Власта со арогантното однесување кон нашите два предлози дадени на лидерската средба и немањето желба нив сериозно да ги разгледа, ги сруши мостовите за комуникација, рече Милошоски на Дневникот на Сител телевизија. 

Тој потенцира дека во овој момент нема ниту поединечна, ниту официјална, ниту дискретна комуникација на власта со опозицијата, затоа што, како што рече, нема потреба. Милошоски нагласи дека излез од оваа кризна, политичка, економска, инфлаторна ситуација е што поскоро да се оди на избори. 

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има комуникација со струи во ДУИ, СДСМ, со Движењето на Максим Димитриевски и Никола Димитров, тој рече дека неговата партија во моментов има комуникација со своите коалициски партнери од Коалицијата за „Обнова на Македонија“ и со опозициските партии на Албанците – Беса и Алтернатива, за која сметаат дека таа комуникација е доволна.фф/ев/

Фото. Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан