• недела, 24 ноември 2024

Милошоски: Напредокот на Македонија кон ЕУ да не се условува со работата на мешовитата комисија

Милошоски: Напредокот на Македонија кон ЕУ да не се условува со работата на мешовитата комисија
Скопје, 4 јуни Скопје Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Антонијо Милошоски, вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, истакна дека Бучковски по наредба на Заев е на тајни преговори во Софија за прифаќање на дел од барањата на Бугарија и уште едно предавство кое Заев за малку не го направи лани. -ВМРО-ДПМНЕ во јули 2017 година и на Заев и на Димитров и на цела Влада има кажавме дека имаме пет суштински забелешки на Договорот. Прво, да се спомне македонскиот народ самостојно, второ, да се спомне македонскиот јазик независно од корелацијата со Уставот, трето, да не се откажува земјата од заштита од малцински права, бидејќи тоа е обврска според Советот на Европа, четврто да не биде асиметричен договорот, Македонија да не биде во потчинета ситуација и петто, да има дел каде ќе има и за посебната историја на двата народи, Заев рече дека ќе проба тие нешта да ги внесе во договорот, но брзината на потпишувањето на договорот му беше поважна од суштината на самиот договор, ова денес се последиците на тој договор кој Заев го потпиша – објасни Милошоски. Тој рече дека Заев и Димитров тврдеа дека се решени сите спорни прашања со Бугарија, но испадна дека со потпишувањето на тој договор дека имаме поголеми тензии помеѓу бугарскиот и македонскиот народ, отколку што имаше тензии пред десетина години. -Проблемот е тоа што во самиот договор односно во членот 2 има обврска кон Бугарија да ја подржи поканата на Македонија за членство во НАТО, а во однос на Европската унија пишува да го сподели своето искуство за да Македонија се интегрира, ова е само еден показател дека брзањето на Заев со потпишувањето ни носи поголеми тензии помеѓу Бугарија и Македонија, рече Милошоски. Милошоски истакна дека последниве неколку дена по наредба на Заев Бучковски е во Софија на тајни преговори, и доколку има намера Владата да биде потранспарентна има Собрание, а во Собранието се народните претставници, но и на јавноста може да се каже за што се разговара во Софија. -Минатата година се случи народ и се превенираше ваков чекор на власта, а Заев по скандалозното интервју се покажа дека е спремен да го направи, а овој пат се подготвува нешто такво, истакна Милошоски. Милошоски порача дека не смее да се дозволи бугарската декларација да стане составен од преговарачката рамка затоа што таа нема никаква врска со стандардите за процесот на интегрирање. Сметам дека на Македонија треба да и се дозволи самостојно да си ја гради својата историографија. Затоа што нашиот однос кон Гоце Делчев е како кон еден темел на македонската државноста. Тој темел на македонската државност не треба да е делив. Значи Гоце Делчев се жртвувал, работел, се борел и загинал за самостојна Македонија,  вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Милошоски посочи дека системска грешка е што во Договорот е дозволено двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот да го имаат завршниот збор за мешовитата комисија. Според мене доколку се дозволи мешовитата македонско-бугарска комисија да работи без притисоци, да не биде работата на комисијата условена од напредокот на Македонија кон ЕУ, да не биде преокупацијата на Софија – Скопје во нивните односи, тогаш може да се дозволи да си работат, да има повеќе размена на студенти, информации, рече Милошоски Видете грешката во договорот и на тоа напоменавме што им е дадена можност на двајцата министри за надворешни работи, македонскиот и бугарскиот на крајот да го имаат финалниот збор дали работата на комисијата била успешна или неуспешна. Тоа е системска грешка во договорот и тоа не треба да е така, смета Милошоски. Милошоски, истакна дека никаде во договорот помеѓу Македонија и Бугарија не стои гаранција дека доколку Македонија би прифатила се ќе стане членка во Европската Унија. Прочитајте го договорот и кажете во кој член од договорот ја гледате гаранцијата дека ние ќе станеме членка на ЕУ. Значи ние утре и да прифатиме се, и Заев да потпише и да ги фрли костените во оган и да прифати Бугарската собраниска декларација да стане дел од преговарачката рамка, ние немаме гаранција како држава дека за 5, 10, или 15 години ќе станеме членка на ЕУ, истакна тој. Една информација која ја добивме е дека пред година и пол отприлика, блиски луѓе до Филипче и до Заев во една европска престолнина на една земја членка разговарале со претставник на една од фирмите кои биле заинтересирани за изградба на Клиничкиот центар и на тој разговор меѓу другото е разговарано и за можна провизија, затоа приказните на власта повелете ние договоривме вие правете надзор е како јас да подготвам проект за крива кула, а вие да го надгледувате и да сносите одговорност, вели Милошоски вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија. Милошоски вели дека втора причина зошто ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со овој Клинички центар е законот којшто стигна во Собрание, кон не е закон за Клинички центар, туку закон за менување на законот за јавни набавки за надавање за тендери и урбанистички планови. СДСМ да не се откажеше и не го блокираше од веќе предвидениот проект за Клинички кој чинеше 90 милиони евра проект кој веќе беше подготвен, власта до сега ќе го имаше обновено Клиничкиот центар во Скопје, истакна Милошоски. Милошоски вели дека власта да беше поработлива и да не се занимаваше со рекет можеше Клиничкиот центар во Штип да го направи, а ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој Клинички центар кој власта го форсира е прескап и чини 400 милиони евра повеќе од оној кој се гради во Србија, или како оној Клинички центар кој е веќе изграден во Хјустон, а чини помалку. Нека има Клинички нов до болницата Жан Митрев, нека се обнови постојниот и нека им и нов во Штип, нека има во Битола и нека има и во Тетово и сите тие ќе чинат поефтино од она што Филипче го претставува, а нема никаква посериозна студија и документација, овој проект мириса на корупција и ние нема да им дозволиме легализација на истиот, ако тие се спремни да направат нов Клинички центар не им треба Собранието има доволно закони за тендери за јавни набавки и да беа успешни ќе го затвореа тендерот во 2019 година, но бидејќи не им се погоди математиката со тие коишто разговарале во еден главен град на земја членка на ЕУ затоа прават вакви егзибиции, критикуваше Милошоски.

Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија, одговори на прозивките на Бујар Османи дека не сакал да закажува собраниска седница на комисијата за надворешна политика, укажувајќи дека првично со Османи договорил да се презентира Нацрт акцискиот план кој што го донела Владата за Македонија и Бугарија, но како што рече и покрај тоа што Османи се согласил на ова, не си го одржал зборот,

Прво се договоривме со Бујар Османи дека претходната тура на амбасадори 10 или 12 беа на број да ја претставиме пред комисијата за надворешна политика и тие да започнат да си ги заземаат своите места, но во тој период договорот беше министерот да дојде пред комисијата за надворешна политика и да ги го покаже нацрт Акцискиот план за кој што владата донесе заклучок дека го работи помеѓу Македонија и Бугарија. И министерот Османи рече во ред, нека поминат амбасадорите ќе направиме такво нешто. Но, тој не си го одржа својот збор, вели Милошоски.

Милошоски посочи дека не е проблем собраниската комисија за надворешна политика, туку дека Министерството за надворешни работи нема средства ниту за амбасадорите кои што веќе поминале на истата собраниска комисија, како и дека има забелешка што се уште владата нема назначено амбасадор за Вашингтон и Софија.

Втора работа ги поминавме сите амбасадори, но во Министерството за надворешни работи нема пари. Проблем е што МНР е оставено со многу мал буџет, од амбасадорите кои што поминаа, помина амбасадорката за Австралија а уште не е појдена во Австралија и за тоа не е виновно Собранието, помина амбасадорот за Токио, Јапонија а уште не појден. Сакам да кажам дека МНР нема средства и тие што поминаа да ги испрати, нагласи Милошоски.

И трето имаме една забелешка, Македонија треба да има приоритети. Ние во моментот имаме спор со Бугарија и имаме стратешки партнер како САД, а владата две, три години не може да се усогласи кој да биде македонски амбасадор во Вашингтон, а се уште не го потполнува и местото во Софија, рече Милошоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан