• среда, 13 ноември 2024

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник, продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е време за опозиција

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник, продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е време за опозиција

Скопје, 20 мај 2024

Време е ДУИ да оди во опозиција, порача Антонијо Милошоски член на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата За или против на ТВ Алфа.

Милошоски ги искоментира изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека со прегласување на одредени избирачки места се врши изборен инжинеринг потенцирајќи дека ДУИ вршеше изборен инжинеринг со обидот за бојкот на претседателските избори во вториот круг.

Да говори за изборен инжинеринг човек кој што на вториот круг на гласање за претседателските избори денот го започнаа како структура во ДУИ со организиран бојкот за да се наруши цензусот тоа е веќе изборен инжињеринг, истакна тој и додаде:

Се гледа дека ДУИ веќе го изгуби компасот и очигледно е дека Ахмети веројатно во последните неколку години е повеќе под влијание на Артан Груби, Бујар Осамни и на некои други луѓе од тоа бизнис крило, отколку што е под влијание на порационалните луѓе во ДУИ кои што спроведуваат конвенционална политика.

Според Милошоски ДУИ го прекршил правилото коалицирање победник со победник, укажувајќи дека ДУИ и Ахмети треба да се спремаат за една мирна и цивилизирана транзиција како во секоја европска држава.

Самите принципи кои ги наметна ДУИ во 2016тата година односно самите принципи кои ги прекрши сега нема право ДУИ да се повикува на било што, и затоа сметам дека е добро да се спремаат за една мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава, изјави тој.

На прашањето дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објавил дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник, Милошоски нагласи дека во моментот партијата има 61 пратеник, но со прегласувањето во изборната единица 5 очекуваат да имаат 11 пратеници, со што бројката ќе изнесува 62 пратеници.

Да точна е изјавата на претседателот Мицкоски дека во овој момент ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник. Со прегласувањето во среда и реалната шанса во 5тата изборна единица да го добиеме 11тиот пратеник, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе има консолидирано 62 пратеници. Потоа продолжуваат преговорите со коалицијата ВРЕДИ, која има 13 пратеници, можно е да го освојат и 14тиот. И кога ќе завршат тие преговори, сметам дека ќе се отвори можноста и за разговори со политичката партија ЗНАМ, вели Милошоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ
 

Остани поврзан