Милнер испиша историја во Премиер лигата
- Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Џејмс Милнер (40), стана играчот со најмногу настапи во англиската Премиер лига, откако го одигра својот 654 натпревар во саботната победа од 2-0 на гости против Брентфорд во рамки на 27. коло.
Лондон, 22 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Џејмс Милнер (40), стана играчот со најмногу настапи во англиската Премиер лига, откако го одигра својот 654 натпревар во саботната победа од 2-0 на гости против Брентфорд во рамки на 27. коло.
Милнер, кој дебитираше во Премиер лигата во 2002 година на 16-годишна возраст во дресот на Лидс Јунајтед, а потоа настапуваше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул,
Рекордот досега беше во сопственост на Гарет Бери (653), а зад него на вечната листа се Рајан Гигс (632), Френк Лампард (609), Дејвид Џејмс (572) и Гари Спид (535).ег
ФОТО: ЕПА