• среда, 25 декември 2024

Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада го чекаат целосното затемнување на Сонцето

Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада го чекаат целосното затемнување на Сонцето

Њујорк, 8 април 2024 (МИА) - Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.

Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.

Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан