• среда, 25 декември 2024

Британскиот министер Милибанд порано го нарече Трамп расист, сега вели дека негова работа е да соработува со новата американска администрација

Британскиот министер Милибанд порано го нарече Трамп расист, сега вели дека негова работа е да соработува со новата американска администрација

Лондон, 12 ноември 2024 (МИА) - Британскиот министер за енергетика Ед Милибанд се осврна на своите стари твитови во кои го опиша Доналд Трамп како „расист, женомрзец, насилник“.

„Видете, знаете, јас кажав работи во минатото. Мојата работа сега, како министер во кабинетот, е да работам со новата американска администрација. Доналд Трамп, исто така, објави многу твитови во свое време. Мислам дека ќе биде заинтересиран да му служи на американскиот народ“, одговори Милибанд на новинарското прашање „Како да изградите врска со човек што во минатото го опишавте како расист, женомрзец, насилник?“

Тој рече дека сака да разговара со новоизбраниот американски претседател за климатската соработка. 

„Она што нас не интересира е да му служиме на британскиот народ, а британскиот народ не избра да ја продолжиме оваа транзиција на чиста енергија“, рече Милибанд.

Тој одговори и на прашањето дали би ги објавил тие твитови доколку знаел дека еден ден ќе мора да соработува со администрацијата на Трамп. „Искрено, мислам дека се неважни. Мислам дека Доналд Трамп не ги чита моите твитови. Немам толку високо мислење за себе“, нагласи тој.

Милибанд е последниот во низата министри на британската Влада што се соочи со непријатни прашања поради неговите поранешни коментари за Трамп. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами еднаш го нарече Трамп „нечесен, ксенофобичен и нарцисоиден“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан