• среда, 25 декември 2024

Милеј: Аргентина се врати на страната на Западот

Милеј: Аргентина се врати на страната на Западот

Буенос Аирес, 23 февруари 2024 (МИА)  - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј денеска беше домаќин на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, највисокиот американски функционер што ја посети Аргентина откако новоизбраниот претседател положи заклетва во декември и вети „шок терапија“ за стабилизирање на економијата на земјата.

-Аргентина одлучи да се врати на страната на Западот, на страната на напредокот, демократијата и пред се слободата, изјави Милеј на почетокот на средбата со американскиот прв дипломат во претседателската палата Каса Росада.

Милеј зазема нагласено проамерикански став, иако идеолошки е поблизок до поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, кој се очекува повторно да биде републикански кандидат на претседателските избори во ноември, наведуваат британските медиуми.

Блинкен синоќа пристигна во Буенос Аирес, по посетата на соседен Бразил, каде што се сретна со левичарскиот лидер Луис Инасио Лула да Силва, кој, за разлика од Милеј, се судри со Вашингтон поради неговите критики за нападот на Израел врз Газа. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан