• вторник, 24 декември 2024

Милер: САД работат на договор за нацрт-резолуција за пристап до помошта за Газа

Милер: САД работат на договор за нацрт-резолуција за пристап до помошта за Газа

Вашингтон, 19 декември 2023 (МИА) - Соединетите држави работат со другите земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за усогласување на отворените прашања поврзани со нацрт-резолуцијата со која се бара Израел и Хамас да дозволат пристап до помошта за Појасот Газа, соопшти денеска Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на брифинг со новинарите изјави дека Вашингтон целосно ја поддржува резолуцијата која ќе одговори на потребите на цивилите во Појасот Газа, но дека деталите од текстот се важни.

Советот за безбедност на ОН во понеделникот го одложи гласањето за нацрт-резолуцијата со која се повикува на „одржлив прекин на огнот“ во Појасот Газа за да се даде повеќе време за одговор на приговорите на САД. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан