Милер: Полска ја крева борбената готовност на дел од своите вооружени сили
- По експлозијата во селото Пржеводов, во непосредна близина на границата со Украина, во која загинаа две лица, Полска вечерва под зголемена борбена готовност стави дел од своите вооружени сили
Варшава, 15 ноември 2022 (МИА) - По експлозијата во селото Пржеводов, во непосредна близина на границата со Украина, во која загинаа две лица, Полска вечерва под зголемена борбена готовност стави дел од своите вооружени сили, изјави владиниот портпарол Пјотр Милер, јави ДПА.
По сериозниот инцидент во близина на границата со Украина, што се случи попладнево, полскиот премиер, Матеуш Моравјетцки, за вечерва свика итна седница на владиниот Комитет за прашањата на националната безбедност, на која присуствувал и претседателот на државата Анджеј Дуда. сд/