• вторник, 24 декември 2024

Милевски: Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Милевски: Македонија ќе се прашува за првото место во групата

Рига, 9 октомври 2024 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува своите настапи во Лигата на нации со дуелот против Летонија во Рига. 

Нашиот национален тим влегува како фаворит во овој меч и тоа го потенцира селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

-Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата, изјави Милевски.

Ќе недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. 

-Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме. Македонија која јас ја замислувам секогаш ќе се стреми да игра на победа. Овие момци ја добиваат и ја заслужуваат целата почит. Без разлика дали играат во своите клубови или не, го даваат својот максумум кога играат за Македонија, истакна селекторот. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан