• среда, 25 декември 2024

Милевски - Красниќи: Со партнерство до подобри ИПА Проекти и повеќе средства од ЕУ

Милевски - Красниќи: Со партнерство до подобри ИПА Проекти и повеќе средства од ЕУ
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Во пресрет на новиот јавен повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, денеска во Приштина се одржа заеднички состанок на министрите за локална самоуправа на Северна Македонија и на Косово, Горан Милевски и Елберт Красниќи и на градоначалниците од пограничните општини. - Овој настан има за цел да ги информира градоначалниците од пограничните општини за јавниот повик од околу 3 милиони евра за проекти за прекугранична соработка од ИПА Програмата Северна Македонија-Косово, што ќе биде објавен до крајот на месецот, но и преку директна комуникација да поттикне соработка во различни области од што корист ќе имаат граѓаните и од двете земји, рече Милевски. Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, двајцата министри изразиле убедување дека очекуваат голем број на партнерства меѓу општините од двете земји и квалитетни проекти со кои што во целост ќе се реализираат средствата од ИПА Програмата на Европската Унија. Министерот Милевски со косовскиот колега Красниќи остварил и одвоена средба, на која што, како што се посочува во сооптеннието, била потврдена добрата соработка во актуелниот, втор ИПА програмски период, во кој што беа одобрени 14 заеднички проекти во вкупна вредност од 4,8 милиони евра, средства од Европската Унија. - Дванаесет проекти се целосно реализирани а 2 се во фаза на имплементација. Реализиран е и еден стратешки проект, граничниот премин Белановце-Станчиќ, пракса која што, нагласија министрите, ќе продолжи и во ИПА 3 програмскиот период за кој што ќе бидат одобрени нови средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, потенцираат од Министерството за локална самоуправа. фф/сп/

Остани поврзан