• петок, 27 декември 2024

Милевски: Ако има волја од сите за промена на изборниот модел треба да се стави на дневен ред на Собрание

Милевски: Ако има волја од сите за промена на изборниот модел треба да се стави на дневен ред на Собрание
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) – Доколку има вонредни избори тие нема да ја променат политичката слика што ја имаме. И да победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе победи со еден пратеник разлика и повторно ќе имаме нефункционален Парламент кој тешко ќе обезбедува кворум за работа, порача вечерва министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски. Нагласи дека сите партии се залагаат за промена на изборниот модел. -Факт е дека сите политички партии зборуваат за друг модел, а никој не рекол дека е добар овој изборен модел со шест изборни единици. Сите бараат некоја промена која ќе значи подобра застапеност на граѓаните во Парламентот, рече Милевски во емисијата Вин Вин на ТВ Телма. Според него, ако има една изборна единица без цензус и помалите политички партии, особено со етнички предзнак, би се осмелиле да одат сами на избори, а не во коалиции со поголемите политички партии. Прашан за причината зошто ЛДП одбила да се сретне со ВМРО-ДПМНЕ, за која е прифатлив изборен модел со една изборна единица, рече дека смета оти е бесцелно да дебатираат со нив ако постојано условуваат и немаат константен став. -Ако има волја од сите за промена на изборниот модел тоа треба да се стави на дневен ред на собраниска седница, потенцира Милевски.вј/цр

Остани поврзан