• четврток, 26 декември 2024

Милвоки е лишен од изборот во втората рунда на драфтот поради неовластени разговори со Богдановиќ

Милвоки е лишен од изборот во втората рунда на драфтот поради неовластени разговори со Богдановиќ
Милвоки, 22 декември 2020 (МИА) - НБА воведе санкции за Милвоки поради раните преговори пред отворањето на пазарот на слободни агенти, објави на Твитер инсајдерот во НБА, Шамс Харанија. На 19 ноември, два дена пред укинувањето на мораториумот за потпишување договори, стана познато дека Милвоки се договорил со Сакраменто за размена на 28-годишниот Србин Богдан Богдановиќ според шемата за трговска размена. Сепак, тогаш зделката беше откажана поради одбивањето на Богдановиќ да потпише договор за условите на тимот од Висконсин. На крајот, Богдановиќ стана ограничен слободен агент и се приклучи на Атланта, а лигата започна истрага за раните преговори со Милвоки. Како резултат, правото на избор во вториот круг на драфтот во 2022 година на Мливоки му е одземено. зс/

Остани поврзан