• вторник, 12 ноември 2024

Мила Рељиќ освои бронзен медал на Президенс куп во Шведска

Мила Рељиќ освои бронзен медал на Президенс куп во Шведска
Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Македонката Мила Рељиќ го освои бронзениот медал на меѓународниот таеквондо натпревар Президенс куп Г2 одржан од 18-23 февруари во Хелсингборг, Шведска. Рељиќ која е член на таеквондо клубот Тигри-Скопје настапи во категоријата -68 кг. - На пиедесталот бевме со светските велесили, Америка и Русија. Освоивме бронзен медал на Европскиот Президенс Г2 куп, на кој настапија 65 земји со 1.500 натпреварувачи. Ова е огромен успех по минатогодишните освоени 11 медали на меѓународни натпревари, меѓу кои и златниот медал на Босна опен Г1, натпревар и бронзен медал на Галеб опен Г1. Рељиќ минатата година беше пласирана на 5. место на Европското клупско првенство во Солун и 6-та на Мулти-Европските игри одржани во Софија, изјави Александар Ефтимов, тренерот на Мила Рељиќ. зс/

Остани поврзан