• четврток, 26 декември 2024

Мила Кунис и Ештон Качер повикаа на собирање пари за Украинците

Мила Кунис и Ештон Качер повикаа на собирање пари за Украинците
Лос Анџелес, 4 март 2022 (МИА) - Мила Кунис и Ештон Качер почнаа кампања за собирање парични средства на страницата „GoFundMe“ за Украинците погодени од последиците од руската инвазија. „Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливиот товар на оние кои решија да отидат на безбедно. Ова прибирање средства ќе биде помош за бегалците“, вели двојката во видеото на Инстаграм. Првичната намера на Ештон и Мила е да соберат најмалку 30 милиони долари. Во оваа прилика глумицата првпат се огласи по рускиот напад на нејзината родна земја. - Родена сум во Украина, 1983 година. Дојдов во Америка во 1991 и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Горда сум. Благодарна сум за сѐ што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не може да бидам погорда Украинка, вели Мила во видеото. -Ова што се случува во Украина е поразително. Нема место на овој свет за ваков неправеден напад врз човештвото, додаде таа. Кунис нагласи дека Украинците се силен и храбар народ. - Но тоа што сте силни и храбри не значи дека не сте достојни за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина, истакна глумицата. Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што е вo брак со Украинката. Тој се согласи дека е исклучително важно да им се помогне на Украинците кои страдаат од руската инвазија. Инаку, тој и претходно на социјалните мрежи ја изразуваше својата поддршка за Украина. Неодамна на Твитер им испрати порака на Русите... „Ако познавате некој од Русија, јавете му и кажете му дека нивните медиуми ги лажат. Украинците не сакаат да војуваат. Тие едноставно не ја сакаат власта на Путин и не сакаат да бидат окупирани“, напиша глумецот.  си/ссм/

Остани поврзан