• четврток, 26 декември 2024

Милатовиќ денеска ги завршува консултациите за мандатот, името до крајот на неделава

Милатовиќ денеска ги завршува консултациите за мандатот, името до крајот на неделава

Подгорица, 9 август 2023 (МИА) - Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ денеска во Цетиње на средби со претставници на Обединета Црна Гора, Албанската алтернатива и Демократската алијанса на Албанците ги завршува консултациите за мандатот за состав на новата влада. Милатовиќ до крајот на работната недела треба да соопшти кому му го дава мандатот.

Според Подгорица Вијести, се очекува Милатовиќ да му го довери мандатот за состав на новата влада на својот сопартиец и лидер на Движењето Европа сега (ПЕС) Милојко Спајиќ.

Спајиќ вчера беше поддржан од Алијансата на Албанците и Граѓанската Алијанса ЦИВИС, а од Демократскиот сојуз на Албанците соопштија дека немаат проблем со тоа што Спајиќ е мандатар.

Минатата недела, освен ПЕС, Спајиќ го поддржаа Демократите, Бошњачката партија (БС), Социјалдемократите (СД), Социјалистичката народна партија (СНП) и Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ). мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан