Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ едногодишен договор со опција да се продолжи за уште една сезона
- Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е подготвен да остане во Милано, објави „Corriere della Sera“.
Милано, 1 август 2020 (МИА) - Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е подготвен да остане во Милано, објави „Corriere della Sera“.
Италијанскиот клуб ќе му понуди на Швеѓанецот едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година доколку „росонерите“ изборат учество во Лигата на шампиони.
Платата на Ибрахимовиќ ќе биде пет милиони евра, плус бонуси врзани за индивидуалниот и тимскиот успех. Доколку се активираат сите дополнителни поени, заработката на Златан ќе надмине шест милиони евра, на кои тој смета.
И покрај неговата возраст, 38-годишниот Швеѓанец стана лидер во нападот на Милан по доаѓањето на почетокот на годината.
На 19 натпревари во Серија А и во Купот на Италија, тој постигна 10 голови. зс/