• недела, 01 септември 2024

Милан ја продолжи серијата без пораз

Милан ја продолжи серијата без пораз
Милано, 4 октомври 2020 (МИА) – Продолжува серијата на фудбалерите на Милан без загубен натпревар. „Росонерите“ 19 натпревари не знаат за пораз, а нивна последна „жртва“ е Специја која денес беше совладана со 3:0 во 3. коло од Серија А. Напаѓачот Рафаел Лео постигна два гола, дефанзивецот Тео Хернандез постигна уште еден погодок. Милан е во серија од 15 победи и четири нерешени натпревари. На следниот натпревар, тимот ќе се соочи со градскиот ривал Интер. Натпреварот е закажан за 17 октомври. зс/

Остани поврзан