• недела, 01 септември 2024

Милан фаворит за Ругани

Милан фаворит за Ругани
Торино, 27 април 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, може да се пресели во Милан, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, „росонерите“ се фаворити во борбата за 25-годишниот Италијанец. Јуве сака да добие околу 20 милиони евра за играчот, а Фиорентина, Наполи и Арсенал исто така се подготвени да преговараат. Ругани беше првиот играч на Серија „А“ на кој му беше дијагностициран коронавирус минатиот месец, но сега е целосно здрав. Оваа сезона тој има 7 натпревари на сите турнири.

Тагови

Остани поврзан