• сабота, 23 ноември 2024

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

Милан се откажа од Лопетеги по протестите на навивачите

Милано, 30 април 2024 (МИА) - Хулен Лопетеги нема да го води Милан. Шпанскиот стручњак беше фаворит за функцијата главен тренер на „Росонерите“. Неговата кандидатура ја одобри сопственикот на клубот Џери Кардинале. Страните разговараа за договор на 3 години.

Сепак, според „La Gazzetta dello Sport“, миланезите одбиле да го поканат Лопетеги по протестите на навивачите. Петицијата со хаштаг #Nopetegui (Нопетеги) ја потпишаа повеќе од 10 илјади луѓе за 48 часа.

Милан наскоро ќе ја продолжи потрагата по нов тренер. Условите се: да развива млади играчи, да има меѓународно искуство и да соработува со раководството на клубот при донесување одредени одлуки.

Сегашниот тренер на Милан, Стефано Пиоли по завршување на сезоната ќе го напушти клубот поради незадоволителни резултати. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан