• недела, 28 јули 2024

Милан постигна договор со Барселона за позајмица на Дест

Милан постигна договор со Барселона за позајмица на Дест
Милано, 1 септември 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Сержињо Дест би можел да ја игра сезоната 2022 во италијанската лига. Барселона и Милан постигнаа целосен договор за ангажирање на 21-годишниот фудбалер, објави Џанлука Ди Марцио. Тој ќе се пресели во миланскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2022/23. Шампионот на Италија најверојатно ќе има право да го купи дефанзивецот на крајот од позајмицата. Сержињо е во Барселона од октомври 2020 година. Неговата трансфер вредност според Трансфермаркт е 18 милиони евра. Договорот на Американецот со клубот е со важност до јуни 2025 година. Дест оваа сезона се уште нема одиграно ниту еден натпревар за каталонскиот клуб. зс/

Остани поврзан