• понеделник, 02 септември 2024

Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за Диало

Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за Диало
Милано, 30 јуни 2022 (МИА) – Шампионот на Италија, тимот на Милан е заинтересиран за потписот на одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Абдо Диало. Според „Калчомеркато“, италијанскиот клуб е подготвен да плати 15 милиони евра за 26-годишниот Сенегалец. Да потсетиме дека во 2019 година, ПСЖ на Борусија Дортмунд и плати 32 милиони евра за Диало. Диало минатата сезона забележа 16 настапи во сите натпреварувања за парискиот клуб и постигна асистенција. Претходно, Милан се согласил на договор со дефанзивецот Свен Ботман, но Њукасл дал подобра понуда и го доби играчот на Лил. зс/

Остани поврзан