• среда, 25 декември 2024

Милан доби нов сопственик

Милан доби нов сопственик
Милано, 31 мај 2022 (МИА) – Американската компанија „RedBird“ за 1.3 милијарди евра го откупи од групацијата „Elliott“ мнозинскиот пакет акции на новиот италијански фудбалски првак Милан, јавија денеска локалните медиуми. Американски „Elliott“ беше сопственик на Милан од 2018 година. Италијанските медиуми наведуваат дека „RedBird“ ги потпишал сите потребни документи за преземање на клубот. Договорот во име на „RedBird“ го потпишал основачот и прв човек на компанијата Гери Кардинале, а официјално треба да биде објавен во следните 24 часа. Според медиумите, групацијата „Elliott“ задржала 30 отсто од акциите во Милан. ег/паг/

Остани поврзан