• недела, 01 септември 2024

Милан го стави Сусо на трансфер-листата

Милан го стави Сусо на трансфер-листата
Милано, 8 јануари 2020 (МИА) - Крилниот напаѓач на Милан, Сусо, може да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок. „Росонерите“ се разочарани од играта на 26-годишниот Шпанец и го ставија на продажба, пренесува „Калчомеркато“. Договорот на Сусо со Милан е дизајниран до јуни 2022 година. Пред пет години, италијански клуб го купи фудбалерот од Ливерпул за 1,3 милион евра. зс/

Остани поврзан