• среда, 27 ноември 2024

Миланов, Дрпљанин и Ацев нови ракометари на Голден Арт

Миланов, Дрпљанин и Ацев нови ракометари на Голден Арт
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) – Македонскиот ракометен прволигаш Голден Арт потпиша договор со Марио Миланов, Есад Дрпљанин и Даниел Ацев. - Тројцата млади играчи кои во минатата сезона играа во прволигашот Шампион, од оваа сезона се дел од нашиот колектив. 20-годишните Марио, Есад и Даниел кои играат на позиција среден бек, лево крило и голман ќе имаат можност во нашата средина да работат на високо ниво, добивајќи шанса да го покажат својот талент и истиот да го надградат под плаката на стручниот штаб на чело со тренерот Никола Матлиески. Им посакуваме добредојде, многу успех и среќа во реализација на заедничките цели во следниот период, објави Голден Арт. Клубот во новата сезона ќе влезе со амбиции да избори пласман кој ќе обезбеди враќање во Суперлигата. зс/

Остани поврзан